оперира св. и несв.

оперира (св. и несв.)

Ногата ми ја оперирале и ми врзале лонгета. До креветот ми оставиле и патерици за да се помагам... Многу е за кажување...
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Таму постојано оперираме луѓе што станале против природните закони.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Со големо спокојство му се доближи на автото, миговно оперираше, откорнатиот амблем го мушна под маицата и сосем спокојно се врати кон нас.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Хегел исто така утврди дека оваа основна и сеопфатна закономерност на природата и општеството не може да се проѕре, да се разбере и објасни ако се применува метод што би бил статичен и би оперирал со крути, апсолутни поими и постулати.
„Значењето на Хегеловата филозофија“ од Кочо Рацин (1939)
Ме легнаа да ме оперираат.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Имаше луѓе на кои сум им правел добрини: сум се зазел дете да им влезе на работа, болен да им се излекува, да се оперира од најбашни оператори, лек да земе од најдобри аптеки, данок ако задоцнил да плати, да не се казни, сливи со ним да се наведнам да собирам, ако се стемнувало и не можеле да стигнат да ги дособерат.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
При виртуалната стварност, при компјутерското водење љубов, со коешто оперираме на денешниов степен, проблемот се појавува токму тука.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Одбивам да шетам со цревата во раце, да гледам како нестручно ме оперирате, сечете и шиете, како ми гнојат раните и да се прашувам колку ли ќе ме боли кога ќе дојдам на себе.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
За несреќата да биде уште поголема, заради констатираниот камен во жолчката, веднаш беше префрлена на хирургија. Итно беше оперирана и од оваа напаст.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Делувањата на оваа моќ се преправаат или се маскираат бидејќи тие оперираат со одредени норми кои се означени со статус на „вистина“.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Во моментите кога дедо и баба не беа во собата ние тивко се прикрадуавме, едниот од нас чуваше стража на вратата, а другите двајца опериравме.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Полека го подготвувавме. Најпрвин дека имаш чир на желудникот, па дека треба да се оперираш, но на крајот моравме да му ја кажеме вистината, дека имаш рак на желудникот.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Јас дојдов да се лекувам, велам, а не да полагам испити. — Добрѐ, добрѐ, вели главниот лекар, јас ќе ве оперирам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Разговарал со Ана, замолил Хајнерле, кој тукушто бил опериран од крајници, да дојде на поседок во Виена.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
„Гледате - шрафцигер. Ама да не мислите ќе отшрафувам. Шрафцигерот го потпикнувам под амблемот, натиснувам и - го откорнувам. Ќе оперираме еден по еден.“
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Родителите го носеле по лекари и болници. Ќе му го оперирале рокчето, но по извесно време, пак почнувало да му се јавува, да му расте.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
А тој ми рече еее... мое дете таков е животот, некој умира, некој се раѓа, некој од болест оздравува како што оздраве и ти... затоа заборави на тоа и биди весела и среќна затоа што остана жива оти можеше и ти да умреш ако веднаш не те опериравме...
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Внатре во опишаната лична Космогонија во која тие оперираат, еден сет на приватни шеги проширени во јавната арена, Жилберт&Џорџ се отпорни на секаква критика.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Мислам дека и на Тито му нудеа тука да се оперира, ама Маршалот одби и отиде да си умре во клиничкиот центар во Љубљана.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
И покрај некомпатибилноста со нашата внатрешна легислатива, особено од сферата на македонското деловно и трговско статусно право, кое воопшто не ги познава и не оперира со зборовите „претпријатие / компанија / фирма“ – сепак, авторите на оваа студија решија да ги употребуваат овие 221 термини, првенствено од практични причини.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Повеќе